Македонија се смести меѓу најдобрите во светот за водење бизнис

Bez autora
Nov 06 2013

Кратењето на непотребните прописи и документи кои треба да се доставуваат до државните институции за непречено одвивање на бизнисите преку неколку фази на таканаречената регулаторна гилотина, последниве години ја лансираше Македонија на високи места на ранг-листите на земји со добри услови за бизнис. Според најновиот извештај Дуинг бизнис на Светска банка меѓу 189 земји нашата е сместена на 24-то место, далеку пред сите земји од регионот и уште повеќе, пред развиени европски економии, како Холандија, Австрија, Словенија и други. Во тој извештај Македонија е и меѓу 10-те земји во светот кои за пет години спровеле најмногу реформи. Претходно, анализирајќи поинакви параметри кои ги покажуваат погодностите за стартување бизнис Меѓународната финансиска корпорација и Светска банка ја рангираа Македонија на петто место. Интересно е тоа што меѓу најдобрата десетка нема ниту една европска земја.

Македонија се смести меѓу најдобрите во светот за водење бизнисКратењето на непотребните прописи и документи кои треба да се доставуваат до државните институции за непречено одвивање на бизнисите преку неколку фази на таканаречената регулаторна гилотина, последниве години ја лансираше Македонија на високи места на ранг-листите на земји со добри услови за бизнис.

Според најновиот извештај Дуинг бизнис на Светска банка меѓу 189 земји нашата е сместена на 24-то место, далеку пред сите земји од регионот и уште повеќе, пред развиени европски економии, како Холандија, Австрија, Словенија и други. Во тој извештај Македонија е и меѓу 10-те земји во светот кои за пет години спровеле најмногу реформи. Претходно, анализирајќи поинакви параметри кои ги покажуваат погодностите за стартување бизнис Меѓународната финансиска корпорација и Светска банка ја рангираа Македонија на петто место. Интересно е тоа што меѓу најдобрата десетка нема ниту една европска земја.

Ова се случува во услови кога Европската комисија веќе две години безуспешно мака мачи да ги среди администрациите на некои од членките на Унијата, кои со шума од прописи и непотребни документи го гушат бизнисот и му ја намалуваат конкурентноста. Оваа активност ЕК ја стави во своите пет топ приоритети, но во 15 земји ситуацијата е полоша отколку претходно.

- За да успеат, на претприемачите им е потребна поефикасна, евтина и квалитетна јавна услуга во која одлуките се носат во разумен рок, Но, делотворноста на јавната управа ширум Европа е во пад: од 28 држави во 15 ситуацијата минатата година е полоша од претходно. Најлошо е во Бугарија, Романија, Грција и Италија, а Хрватска е во неславниот клуб на седмото место од крајот на скалилото - наведува хрватскиот бизнис-портал "Пословни".

Се констатира дека на европскиот бизнисмен во просек му требаат 5,4 дена за основање фирма, што чини 372 евра. Во Белгија или Унгарија се потребни помалку од пет дена, додека во Шпанија или Австрија за стартување бизнис се трошат повеќе од 20 дена.

Наспроти ова, регистрирањето бизнис во Македонија е без пари, за неколку часа и со само една процедура преку интернет. Наместо со часови да се чека на шалтерите на Централниот регистар со фасцикла преполна со документи под мишка, сега само треба да се посети најблискиот сметководител со овластување за регистрационен агент и тој ќе ја заврши целата процедура за кратко време, без никаков паричен надомест. Од пред извесно време и основачкиот влог е намален и изнесува 5.000 евра. Централниот регистар овозможува и други поволности во корист на бизнисот и инвеститорите, како издавање потврди потребни за учество на тендери преку интернет, од кое било место во светот. Се работи на тоа на ваков начин да се издаваат и други документи кои им се потребни на претпријатијата. Се средува состојбата и со одобренијата за градење кои исто така го оформуваат амбиентот за водење бизнис. Во овој дел Македонија во најновиот извештај "Дуинг бизнис" не е високо рангирана, но од почетокот на овој месец, покрај градежните дозволи сите други документи поврзани со градењето општините ги издаваат електронски. Оваа новина стартуваше во јуни со електронските градежни дозволи. До сега во информацискиот систем се внесени 1.044 барања, постапката е завршена за 436 предмети, а издадени се 205 одобренија за градење. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува дека на овој начин постапките за издавање одобренија за градење ќе се скусат на 15 дена.

Освен меѓународните организации, признание на ваквите активности на македонската Влада даваат и претставниците на бизнис заедницата. Во досегашните коментари на извештаите на "Дуинг бизнис" деловната клима во државата тие ја опишуваа со атрибутот "фантастична". Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков, потврдувајќи ги наодите во извештаите, додава уште неколку аргументи за потврда.

- Во Република Македонија се преземени големи мерки за подобрување на деловниот амбиент. Извештаите највисоко не рангираат во индикаторот за почеток на бизнис, но треба да се додадат и поволните даноци, пријателскиот однос кон странските инвеститори, лесната достапност до пазарот, поволностите во индустриските зони, добрата макроекономска политика, особено стабилноста на денарот - наведува Бошков.

Тој додава дека Бизнис конфедерацијата има свои предлози за уште подобар бизнис амбиент, кои наредната недела ќе ги презентира пред бизнис заедницата. Врз основа на направено истражување, меѓу другото, Конфедерацијата предлага подобрувања во областа на владеењето на правото, односно да се обезбеди постојаност на законите, овозможување полесен пристап до финансии, подобрувања на пазарот на трудот, како и подобра претприемачка култура.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik